Дома Фудбал Останато Чех денешната ждрепка за Лигата на Европа го направи еден од најсреќните (ФОТО)

Чех денешната ждрепка за Лигата на Европа го направи еден од најсреќните (ФОТО)

cheh

Денес во Нион во Швајцарија беа извлечени паровите за осминафиналето во Лигата на Европа.

Ждрепката не донесе ниту едно дерби помеѓу фаворитите, но секако дека има интересни пресметки. Еден од натпреварите кој привлекува големо внимание е оној помеѓу Арсенал и Рен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Овој натпревар посебно го радува голманот на Арсенал, Петар Чех кој на крајот од сезоната ќе стави крај на блескавата кариера.

Чех во својата голема кариера настапуваше и во редовите на Рен, клуб за кој голот го бранеше на 70 натпревари. Натпреварот ќе биде одлична можност за Чех да се прости и од фановите на својот поранешен клуб.

Среќата Чех ја покажа на својот Твитер профил каде што искажа голема благодарност до Андрес Палоп. Голманот кој учествуваше во извлекувањето на паровите.

„Кога еден голман учествува во ждрепката се случуваат убави работи“, гласеше пораката на Чех.

Пораката на Чех беше напишана на три јазици (шпански, француски, англиски). Така му се заблагодари на Палоп за тоа што неговиот сегашен клуб го состави Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…