Дома Фудбал Чеферин: Во иднина може да се игра „Фајнл-ејт“ во ЛШ

Чеферин: Во иднина може да се игра „Фајнл-ејт“ во ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека форматот на еден меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони донел многу возбудлува и е полн погодок.

Поради памденијата со Ковид сезоната беше прекината, па УЕФА донесе одлука ЛШ да се доигра не неутрален терен во систем „фајнл-ејт“.

Чеферин најави дека овој систем донел поголеми возбудлувања, па се размислува да се применува и во иднина.

„Бевме приморани да го направиме тоа, но на крајот пронајдовме нешто ново. Затоа, сигурно ќе размислиме добро за иднината на турнирот. Кога има еден меч, нема време за тактика и одолговлекување. Ако еден тим даде гол, другиот мора веднаш да одговори бидејќи нема следен меч. Многу повозбудлив фудбал, но исто така мораме да сметаме на тоа дека има помалку мечеви и ТВ-куќите ќе сакаат повеќе мечеви“, вели Чеферин.

Сегашниот формат на Лигата на шампиони е договорен до сезоната 2024/25, но се очекува до крајот на годината да се завршат преговорите со големите клубови и со федерациите за следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…