Дома Останати Кошарка НБА Четвртина каква што одиграа Голден Стејт и Денвер никогаш не е видена, Вориорсите на крајот се радуваа! (ВИДЕО)

Четвртина каква што одиграа Голден Стејт и Денвер никогаш не е видена, Вориорсите на крајот се радуваа! (ВИДЕО)

Во НБА лигата изминатата ноќ беа одиграни шест натпревари.

Тимот на Денвер одигра буквално беше уништен од актуелниот шампион Голден Стејт со резултат 142:111.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Стив Кер со оваа победа сруши неколку рекорди и ги прескокна Наџентси на првото место на Западот.

Стеф Кари и Клеј Томпсон уфрлија по 31 поен, Кевин Дурант додаде 27. Малик Бизли ги предводеше Наџентси со 22 поени, еден помалку имаше Џамал Мареј, а Никола Јокиќ со 17 поени асистираше осум пати.

Овие два тима одиграа прва четвртина какква што никогаш претходно не е видена во светот на кошарката.

Неверојатни 89 поени уфрлија двете екипи за 12 минути, а гостите од Оукленд уфрлија 51 поен и поставија нов рекорд во НБА лигата по бројот на поени во првите четвртини! Притоа го соборија и рекордот за тројки во една четвртина – постигнаа 10 од 14 обиди.

На влезот во четвртината гостите влегоа фуриозна серија од 16:3 и веќе ја имаа победата во раце. Во продолжение Мајк Малоун им даде прилика на резервистите, Вориорсите и така продолжија да газат, па стигнаа до 30-тата победа.

Сега тие се лидери на Западот со скор од 30:14, Денвер има 29:14 и се наоѓа на втората позиција.

https://youtu.be/HjAkrZHuG8M

НБА резултати:

Индијана – Феникс 131:97

Филаделфија – Минесота 149:107

Атланта – Оклахома 142:126

Милвоки – Мајами 124:86

Денвер – Голден Стејт 111:142

Лос Анџелес Лејкерс – Чикаго 107:100

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…