Бруклин Нетс вечерва соопшти дека четворица нивни играчи се заразени со коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
НБА фрашизата потврди дека четворица нивни играчи се покажале позитивни. Бруклин не сакаше јавно да ги објави имињата и наведоа само дека еден од нив покажува симптоми, останатите тројца го имале вирусот, но не покажувале симптоми.
Целиот тим сега ќе биде ставен во изолација и ќе ги следат упатствата.
До овој момент вкупно седум НБА кошаркари се заразени со коронавирусот. Претходно вирусот беше потврден кај Руди Гоберт и Донован Мичел од Јута, како Кристијан Вуд од Детроит.