Вечерва ќе бидат извлечени групите за Европското првенство во ракомет, чиј домаќин од 12 до 28 јануари наредната година ќе биде Хрватска.
Дел од најдобрите 16 европски репрезентации ќе биде и Македонија, која на континенталното првенство се пласира како најдобра во Групата 4, во конкуренција на Чешка, Исланд и Украина.
Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Освоеното прво место во групата и рејтингот кој беше изграден во изминатите години ја сместија Македонија во вториот барабан во пресрет на извлекувањето на групите. Покрај Македонија во вториот барабан се Данска, Шведска и Белорусија.
Во најсилниот барабан ќе бидат Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Хрватска, чиј селектор е Лино Червар.
Тренерот на Металург до пред три месеци беше селектор на македонската репрезентација. Одговарајќи на новинарски прашања кого не посакува за противник во групата, тој без размислување одговорил: „Македонија“.
Инаку, жрепката ќе биде полудиригирана бидејќи Хрватска ќе биде во А групата, во Сплит и таа нема да може да се сретне со носителите на другите три групи Норвешка, Унгарија и Словенија. Од претходно е познато дека овие репрезентации ќе играат во Пореч, Вараждин, односно Загреб.