Дома Фудбал Англија Челси нема да прави проблеми: Сари денеска на состанок со челниците на Јуве

Челси нема да прави проблеми: Сари денеска на состанок со челниците на Јуве

Јувентус се уште нема назначено нов тренер откако Макс Алегри доби отказ на крајот од оваа сезона.

Челниците на Јувентус одлучија да му се заблагодарат за соработката на Алегри, со што потврдија дека екипата следната сезона ќе ја предводи нов тренер. Со Јуве се поврзуваат голем број имиња, но се чини дека најблиску до договор е Маурисио Сари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми веќе со денови тврдат дека Сари доаѓа на клупата на италијанскиот првак и само прашање на време е кога овој трансфер ќе биде потврден.

Денеска дури и медиумите во Англија објавија дека Сари се договорил со Челси да го напушти клубот и најверојатно до крајот на недела ќе биде представен во Торино.

Како што пишуваат на Апенините, Сари денеска ќе ги направи финалните преговори со челниците на Јувентус и ќе се обидат да ја потврдат идната соработка.

Исто така, Сари им порачал на челниците на Челси да сочекаат околу преговорите за нов договор бидејќи ја чека одлуката на Старата дама. Сините нема да му застанат на патот доколку Сари успее да се договори со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…