Дома Топ вести Челзи ја сака ѕвездата на Милан

Челзи ја сака ѕвездата на Милан

Челзи е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат англиските медиуми.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Челзи е во потрага по крилен напаѓач, па откако ја загуби битката за Рафиња, сега ќе тргне кон Рафаел Леао.

„Сините“ имаат одлични односи со Милан и се спремни да понудат 70 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Милан не сака да го продаде Леао бидејќи смета дека е најважен играч во тимот, па веќе започнал преговори за продолжување на соработката.

Меѓутоа, доколку нема прогрес во преговорите со крајот на преодниот рок би можел да ја прифати понудата од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…