Дома Фудбал Челзи ја одреди казната за непослушниот Маунт

Челзи ја одреди казната за непослушниот Маунт

Талентот на Челзи, Мејсон Маунт го навлече гневот на англиската јавност откако не ги испочитува клупските наредби и со фудбалерот на Вест Хем Деклан Рајс играа рекреативно фудбал среде Лондон.

Претходно Челзи, после првиот позитивен тест на коронавирусот издаде наредба сите фудбалери, членови во стручниот штаб и работници во клубот да бидат во карантин и самоизолација.

Ваквото несовесно однесување беше веднаш осудено и клубот ја објави казната.

Како наведува „Мирор“ Челзи ќе го казнат Маунт со парична казна од 200.000 фунти за неисполнување на наредбата на клубот и загрозување на другите луѓе со неговото арогантно однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…