Се наближува недела и лондонското дерби во кое на „Стемфорд Бриџ“ силите ќе си ги одмерат Челзи и Тотенхем, а некогашниот напаѓач на „Плавите“, Дидиер Дрогба одлучи да ги охрабри и мотивира избраниците на Антонио Конте пред големиот меч.
Челзи моментално заостанува пет бодови зад местото кое води во ЛШ, па трите бода против Тотенхем во лигашкото дерби би биле злато вредно за Конте и неговата екипа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на тоа колку е важен претстојниот меч, Дрогба одлучи да упати мотавициска порака на екипата на Челзи, со кој „приложи“ и видео клип каде ја „тероризира“ одбраната на Спарси од времето кога „Стемфорд Бриџ“ беше негов дом.
„Секогаш бидете позитивни, секогаш правете нешто од ништо. Не сум на болна нога? Нема проблеми, секогаш го користам своето најдобро оружје. Овде ми асистираа Петар Чех и Франк Лампард.. Одиме Плави“, напиша Дрогба на Инстраграм и постави видео од головите кои како играч на Челзи ги постигна против Тотенхем. Поточно погодокот за 1:1 во декември 2010, како и погодокот кој го постигна во убедливата победа на Челзи во полуфиналето од ФА Купот во 2012. година.