Дома Фудбал Англија Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи денес гостуваше кај Кристал Палас и без поголеми проблеми дојде до победа од 1:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После неочекуваниот пораз од ВБА во минатото коло, „сините“ прво славеа против Порто во Лигата на шампионите со 2:0, а денес совладан беше Кристал Палас.

Во само две минути Челзи дојде до два гола. Во осмата минута Каи Хаверц погоди, а во 10. Хаверц беше асистент, погоди Пулишиќ. Веќе после половина час игра Зума со глава погодува по нафрлувањето на Маунт и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Второто полувреме донесе по еден гол на двете страни. Бентеке намали на 1:3, додека Пулишиќ со својот втор гол ги постави конечните 1:4.

Челзи после овој триумг го престигна Ливерпул и сега е четврти со 54 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…