Дома Топ вести Челзи тргнува по Лука Јовиќ!

Челзи тргнува по Лука Јовиќ!

Лука Јовиќ најверојатно после само една сезона ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Србија на Бернабеу пристигна како засилување, се веруваше дека може да ги ‘решета’ мрежите како и во Бундеслигата, но не ги оправда очекувањата.

Во 24 одиграни натпревари Јовиќ успеа да се запише во листата на стрелци само два пати, а после последните случувања со непочитување на 14-дневниот карантин, медиумите во Шпанија се убедени дека нема иднина во Реал и дека ќе го напушти клубот.

Доколку дојде до тоа сценарио, Јовиќ нема за што да се грижи бидејќи многу клубови имаат интерес за неговите услуги, а последен во низата е Челзи, чиј тренер Френк Лампард смета дека играч со такви предиспозиции му е потребен за новата сезона.

Англичаните исто така тврдат дека Лампард сака Јовиќ да го вклопи со младите од клубот кои оваа сезона експлодираа, а останува да видиме дали Сините планираат позајмица или откуп на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…