Дома Топ вести Челзи спрема големи засилувања во јануари

Челзи спрема големи засилувања во јануари

Челзи ова лето потроши големи пари на засилувања, но и покрај тоа тимот игра лошо и е далеку од трката за титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Притисокот расте врз Потер за да избори место во топ-4 оваа сезона за да може следната година да ја нападне и титулата во Премиерлигата, а медиумите пишуваат раководството спрема големи зимски засилувања.

Трансферот на Нкунку од Лајпциг е веќе договорен, а медиумите пишуваат дека Челзи преговара и за неговиот соиграч Јошко Гвардиол.

Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.

„Сините“ сакаат да го купат Гвардиол во јануари за 90 милиони евра и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…