Екипата на Челзи во рамките од 4.коло во Премиер лигата со резултат 4:0 го победи Кристал Палас.
Беше домаќинот подобар ривал во текот на комплетниот натпревар. Сепак, сите четири гола ги постигнаа во второто полувреме кога ги искористија сите грешки во одбраната на Палас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поведе Челзи во 50. минута, Бен Чилвел го постигна својот првенец во синиот дрес за 1:0. Продолжи Челзи да напаѓа и после водечкиот гол, а тоа секако им се исплатеше. Уште еден дефанзивец, Курт Зума по асистенција на Чилвел во 66. минута погодува за 2:0.
Потоа гостите направија два пенали во четири минути, Жоргињо два пати беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 4:0.