Иако има голем број на играчи во своите редови, екипата на Челзи продолжува да се засилува и сега се засили со голманот Мајк Пендерс.
Пендерс со клубот од Премиер лигата стави потпис на договор до јули 2032 година. Според информациите на новинарот Фабрицио Романо „сините“ за неговите услуги ќе платат сума од 20 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Младиот голман важи за голема надеж и многумина го сметаат за наследник на Тибо Куртоа.
За своето деби во Лондон ќе почека бидејќи ќе остане на позајмица во Генк, а во овој момент како регистрирани голмани Челзи ги има: Роберт Санчез, Филип Јоргенсен, Кепа, Ѓорѓе Петровиќ, Маркус Бетинели и Лукас Бергстром.
Тука се и уште позајмените Габриел Слонина (Барнсли), Еди Бич (Крули Таун) и Теди Шармен Лоу (Донкастер Роверс).