Младиот талент од Челзи, Кол Палмер, е пред значително зголемување на својата плата и нов договор, известува „Дејли Стар“.
Палмер во Челзи пристигна минатото лето и потпиша седумгодишен договор во вредност од 75.000 фунти неделно, а претходно го носеше дресот на Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради неговите извонредни настапи, управата на Челзи е спремна да го награди Палмер со значително подобрување на договорот.
Се очекува 21-годишниот офанзивен играч да заработува околу 150.000 фунти неделно од наредната сезона.