Дома Топ вести Челзи не престанува, спрема нов рекорден трансфер

Челзи не престанува, спрема нов рекорден трансфер

Челзи потроши повеќе од 300 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но веќе спрема големи засилувања за лето.

Веќе е јасно дека ќе пристигне Кростофер Нкунку, но Челзи преговара со уште еден играч на Лајпциг, а станува збор за дефанзивецот Јошко Гвардиол.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.

Хрватскиот репрезентативец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спрема рекордна понуда од 100 милиони евра за младиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување од Островот: Манчестер Сити го продава Едерсон?!

Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да …