Тренерот на Севиља, Јулиен Лопетеги изјави пред мечот со Челзи изјави дека неговиот тим имал подеднакво тежок припремен период како и „сините“.
Френк Лампард ги обвини кратките припреми за проблемите на неговиот тим во одбраната. Челзи постигнува голови, но и прима доста па затоа освои само осум бода во првите пет кола во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не можам да го коментирам тоа што го кажал тој, но и ние се најдовме во комплексна ситуација од кога се започна. Сепак, не вреди да се зборува за тоа, фокусот треба да биде ставен на користење на сите расположливци средства“.
„Нешто што може да помогне е возбудувањето кое го чувствуваме кога играме во Лигата на шампионите, ова е екстремно тешко и вобудливо натпреварување. Сега играме со еден тим кој може да ја освои Лигата на шампионите, Челзи има капацитет за такво нешто“, изјави Лопетеги.
И покрај тоа Лопетеги нагласи дека неговиот тим ќе оди на победа.