Дома Топ вести Челзи и Ливерпул водат битка за ѕвездата на Наполи

Челзи и Ливерпул водат битка за ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата и ПСЖ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кварацхелија оваа сезона не игра на нивото на минатата сезона, едноставно се вклопи во сивилото на Наполи, но европските гиганти продолжуваат да покажуваат сериозен интерес.

Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Арсенал внимателно го следат Кварацхелија и се спремни да испратат богата понуда за него на крајот на сезоната.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Челзи и Ливерпул се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Се најавуваше дека Стефано Пиоли ја одработува последната сезона на клупата на Милан, а се…