Тибо Куртоа и Челзи конечно постигнаа договор за продолжување на соработката, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новиот договор на Куртоа беше главна тема во англиските медиуми веќе подолго време, а се шпекулираше дека голманот може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ доколку не биде постигнат договор.
Актуелниот договор на Куртоа со Челзи истекува во 2019 година, а сега ќе се обврзи на верност со „сините“ до 2023 година.
Според новиот договор Белгиецот ќе заработува 10,5 милиони фунти годишно и со тоа ќе стане најплатениот голман во светот.
Куртоа пристигна во Челзи во 2011 година од Атлетико Мадрид и се етаблираше како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.