Дома Фудбал Англија Челзи доминантен на тешкото гостување кај Евертон, Сити зеде само бод кај Мидлзброу

Челзи доминантен на тешкото гостување кај Евертон, Сити зеде само бод кај Мидлзброу

Челзи триумфално го мина тешкото гостување во Ливерпул, кај Евертон, додека манчестерските тимови, Јунајтед и Сити освоија само по еден бод во дуелите со Свонси односно Мидлзброу.

Челзи веројатно ја оствари клучната победа во борбата за шампионската титула, откако во 35.коло славеше на „Гудисон“ кај Евертон со 3:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Антонио Конте до победата дојде во второто полувреме кога ги постигна трите гола.

„Сините“ головите ги постигнаа преку Педро, капитенот Кејхил и Вилијан.

Мидлзброу на „Риверсајд“ два пати водеше против Сити, а гостите од пораз ги спаси тинејџерот Габриел Жесус со голот постигнат на пет минути до крајот на мечот.

Претходно, Негердо постигна гол за 1:0. Во вториот дел израмни Агуеро, а нова предност на домаќинот му донесе Чемберс во 77.минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…