Дома Фудбал Англија Челзи го растури Саутемптон за крај на 34-то коло во Премиер лигата (видео)

Челзи го растури Саутемптон за крај на 34-то коло во Премиер лигата (видео)

Челзи го победи Саутемптон со 4:2 во последниот натпревар од 34.коло во Премиер лигата на Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата на Антонио Конте, иако во саботата одигра тежок натпревар во ФА купот и преку Тотенхем се пласира во финалето, релативно лесно го совлада Саутемтон.

Серијата на голови на „Стенфорд Бриџ“ ја отвори Азар уште во петтата минута. Гостите израмнија преку поранешниот играч на Челзи Ромеу, кој го совлада Куртоа по 24 минути игра. Сепак на полувреме „сините“ заминаa со предност откако гол постигна капитенот Кејхил.

Во второто полувреме шпанскиот репрезентативец Диего Коста со два гола, во 53 и 89 минута, го реши прашањето околу победникот.

Конечниот резултат во 94 минута го постави уште еден поранешен играч на Челзи, Бертран.

Челзи е лидер на табелата со 78 бодови, седум повеќе од Тотенхем, кој има натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Омерагиќ со порака: „Големите“ нека учат од младинските финалиња (Фото)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, по завршувањето на младинските финалиња во Купот на …