Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Челзи сака да го откупи 23-годишниот фудбалер и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ за откуп бараат 100 милиони евра, а Челзи ќе се обиде да ја намали таа сума така што во трансферот ќе го вклучи Кристиан Пулишиќ.
Пулишиќ не е задоволен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да ја промени средината, а Атлетико е заинтересиран за него и е спремен да ја прифати понудата.