Како што пренесуваат англиските медиуми, екипата на Вест Хем е заинтересирана за 21-годишниот фудбалер на Сити, Петрик Робертс.
Овој млад крилен фудбалер веќе трета сезона игра на позајмица во шкотскиот шампионат, екипата на Селтик, стандарден е под палката на Брендан Роџерс на „Слетик Парк“ и му се предвидува прекрасна иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, покрај големата конкуренција на „Итхад“, прашање е дал би можел да се избори за минутажа, па така бројни екипи покажаа голем интерес за неговите услуги.
„Чеканите“ одамна го следат, не успеаа да го доведат во 2015. година од Фулам, заврши во Манчестер, а покрај Вест Хем за услугите на Роберт заинтересиран е и Лестер.
Управата на клубот од „Олимпискиот стадион“ се надева дека управата на „Граѓаните“ би можела да ја убеди да го пушти за околу 15 милиони фунти.