Размената на релација Јунајтед – Арсенал, (Санечез – Михатријан) не би била комплетна доколку не беше прокоментирана од „специјалниот“.
Жозе Мурињо неколку дена по комплетирањето на размената се огласи во јавноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Останав без фантастичен играч, но и господинот Венгер исто така остана без фантастичен играч. Добив фантастичен играч, но и господинот Венгер доби фантастичен играч, па така оваа зделка е добра и за двете страни. Добра е бидејќи Алексис еден фантастичен клуб каков што е Арсенал го замени за џиновски каков што е Манчестер Јунајтед, додека Мики само премина во фантастичен клуб каков што е Арсенал“, изјави Мурињо.
Мурињо потоа и му посака среќа на Михтаријан.
„Верувам дека во Лондон Мики ќе биде подобар отколку кај нас. Трансферот е добар за сите, среќен сум поради него. Дали можев да извлечам повеќе од неговиот талент? Можеби и тој можеше малку повеќе да се потруди да се адаптира кај нас. Можеби…“, заврши „специјалниот“.