Њукасл и Лестер вчера одигра без голови, а тој бод беше доволен за домаќините и математички да го обезбедат местото во Лигата на шампионите наредната сезона.
Пред последното коло Њукасл сега има четири бода предност во однос Ливерпул кој се уште има некои мали шанси за место во топ четири, но ако се случи тоа би било на местото на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Њукасл последен пат во Лигата на шампионите играше во сезоната 2002/2003, тогаш беше во група со Јувентус, Динамо Киев и Феенорд.
Savour every moment. ⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) May 22, 2023
Newcastle United. Champions League. pic.twitter.com/LOEq56ObM2
Од друга страна поранешниот англиски шампион Лестер е пред испаѓање од Премиер лигата и ако Евертон го победи Борнмут во последното коло „лисиците“ дефинитивно се селат во понизок ранг.