Дома Фудбал Останато Чан одново се огласи на тема ЛШ и сега порача нешто спротивно од првата изјава (ФОТО)

Чан одново се огласи на тема ЛШ и сега порача нешто спротивно од првата изјава (ФОТО)

Маурицио Сари вчера го објави списокот за играчи на кои ќе смета за групната фаза од Лигата на шампионите, а на тој список не се најдоа Марио Манџукиќ и Емре Чан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајцата играчи ова лето беа на излезни врати од Јувентус, но на крајот одлучија да останат во клубот. Манџукиќ веројатно очекуваше затоа што такви беа најавите, но Чан беше и тоа како изненаден.

„Не можам да верувам. Разговаравме, а не добив никакво објаснување. Нервозен сум поради одлуката. Мора да разговараме повторно кога ќе се вратам. Екстремно сум шокиран“, изјави Чан.

„Минатата недела ми беше ветено нешто друго. ПСЖ дојде по мене, но јас одлучив да останам во Јуве. Условот беше дека ќе бидам во тимот за Лигата на шампионите. Да знаев дека ќе биде вака ќе си заминев од клубот“

Навивачите потоа испраќаа критики и му порачува да се угледа на Лихштајнер кој своевремно исто така беше изоставен, но порача дека ќе се бори да го заслужи своето место.

Сепак и Емре Чан со „ладна глава“ преку социјалните мрежи одново се огласи и изгледа ја прифатил ситуацијата.

„Секогаш ќе му бидам благодарен на Јувентус и луѓето кои ме поддржуваа од кога сум тука, посебно во времето кога бев болен. Го почитувам Јувентус и своите соиграчи. Нема повеќе ништо да кажам и ќе продолжам да се борам на теренот“, гласи последната порака на Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува сериозен преоден рок – 50.000.000 за Ромеро плус 100.000.000 за друг фудбалер

Денеска англиските медиуми објавуваат приказна за интересот на Манчестер јунајтед за Крист…