Дома Фудбал Италија Чалханоглу: Само Пиоли ме сакаше во Милан

Чалханоглу: Само Пиоли ме сакаше во Милан

Новото засилување на Интер, Хакан Чалханоглу ја коментираше одлуката да го напушти Милан и да се пресели во градскиот ривал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27-годишниот турски репрезентативец не го продолжи договорот со Милан и како слободен агент се пресели во Интер.

„Трансферот од Милан во Интер? Фановите креваат прашина и тоа  е нормално. Нема ништо чудно, не сум ни прв ни последен кој се преселил од Милан во Интер и обратно. Тоа го направиле многу фудбалери“, изјави Чалханоглу.

„Гледам напред, но имам голем респект кон Милан. Во овие 4 години клубот ми даде многу и јас дадов многу за клубот. Сега ми претстои нов предизвик. Стефано Пиоли е единствениот човек кој безусловно сакаше да останам во Милан. Разговаравме и ја прифати мојата одлука“, додаде плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пресврт: Рашфорд може да игра повторно за Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на пат да ја промени својата одлука и да ја об…