Милан и Јувентус вчера го одиграа првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија.
Натпреварот заврши без победник 1:1. Милан имаше предност, но Јувентус стигна до реми со голот на Роналдо во судиското продолжение од пенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Калабрија играше со рака во шеснаесетникот и од Милан тоа не го оспоруваат, но тврдат дека бидејќи Калабрија беше свртен со грб Валери не требало да покаже на белата точка.
Своето незадоволство после натпреварот го истакна и Хакан Чалханоглу кој таа ситуација ја спореди со ситуација од минатата сезона во која Алекс Сандро играше со рака, но Милан не доби пенал.