Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.
Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, и започнаа преговори со неговиот агент.
Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси, но проблем е што Чалханоглу бара најмалку 5 милиони евра по сезона.
Двете страни ги продолжуваат преговорите со цел да најдат заеднички јазик, а Манчестер Јунајтед и Интер внимателно ја следат ситуацијата бидејќи се заинтересирани за турскиот репрезентативец.