Дома Фудбал Италија Чалханоглу има порака за Монтела

Чалханоглу има порака за Монтела

Турскиот репрезентативец, Хакан Чалханоглу не е премногу задоволен од тренерот Виченцо Монтела.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Секако, Чалханоглу не мислеше ништо лошо за новиот клуб, но не му одговара начинот на кој „росонерите“ играат и формацијата на Виченцо Монтела. Бизарен проблем има и во комуникацијата со остатокот од екипата. Милан го плати помеѓу 20 и 24 милиони евра, а навивачите очекуваат тој да биде големо засилување.

„Не е лесно да се запаметат сите информации кои ми ги дадоа. Јасно е дека имам потешкотии со јазикот Немам преведувач, но моите соиграчи ми помагаат. Каде би сакал да играм? Веднаш зад напаѓачот или на крилната позиција. Што ни порача Монтела после поразот? Да останеме позитивни“, изјави Чалханоглу.

Милан запиша пораз од 4:1 во натпреварот против Лацио во рамките од третото коло од Серија А, а Чалханоглу беше асистент при постигнувањето на голот на Монтоливо, а во игра влезе само една минута претходно на местото на Кутроне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Енцо Мереска ќе биде назначен како нов менаџер на Манчестер Сити во текот на следната неде…