Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја дозна казната црвениот картон кој го доби во дербито против Атлетико Мадрид за викендот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во Барселона стравуваа дека Чави бидејќи му е втор црвен картон во сезоната може да го пропушти и „Ел Класико“, сепак тоа нема да се случи.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија го казни Чави со суспензија од два натпревари, па така нема да биде на клупата против Лас Палмас на домашен терен и против Кадиз на гостински терен.
За Барселона е најважно што тој ќе го води тимот против Реал Мадрид, натпревар кој се игра на 21-ви април.