Дома Топ вести Чави: Сите видоа дека тоа беше чист гол!

Чави: Сите видоа дека тоа беше чист гол!

Реал Мадрид вчера ја победи Барселона со 3:2 и така направо голем чекор кон титулата во Ла Лига, но по дербито најмногу се зборува за спорниот момент за кој од таборот на Барселона тврдат дека се драстично оштетени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во јавноста сега за таа ситуација се огласи и тренерот на Барселона, Чави Ернандез.

„Навистина сум разочаран. Сите видоа дека тоа беше чист гол. Дека треба да го имаме тој систем за гол зборував и на почетокот.

Судијата носеше погрешни одлуки. Неверојатно е како на почетокот на сезоната не сакаа да го имплементираат гол-системот, а имаат 16 камери кои го снимаат овој натпревар.

И покрај тоа ситуацијата не беше прикажана од сите агли, меѓутоа потоа на социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Барселона денеска падна и најважниот потпис!

Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 год…