Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона од следната сезона, потврди самиот после натпреварот против Виљареал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Играчката легенда на Каталонците нема да го одработи докрај договорот кој му истекуваше во 2025 година и потвтрди дека на крајот на сезоната заминува.
Чави годишно на „Камп Ноу“ заработува 8 милиони евра, а платата неговиот стручен штаб изнесува 4 милиони евра по сезона.
Сега со раскинот на договорот, на тренерите треба да им бидат исплатени сите плати до крајот на договорот, но Чави и неговиот стручен штаб уште еднаш ја покажаа љубовта кон Барселона и одлучија да се откажат од парите кои треба да ги добијат за да можат финансиски да го помогнат клубот кој е во криза.
🚨 Xavi has decided to forgo €12M in salary to help Barcelona's financial situation.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2024
(Source: @sport) pic.twitter.com/xTxZdlAV9u