Дома Топ вести Чави: Само ТОЈ може да ја засили Барса!

Чави: Само ТОЈ може да ја засили Барса!

Легендарниот плејмејкер на Барселона, Чави Ернандез го посочи Филипе Кутињо како најдобар играч за врска во овој момент и истакна дека Бразилецот е еден од ретките фудбалери кои можат да ја засилат Барса.

„Нема подобар играч за врска од Кутињо во фудбалска Европа во овој момент, а тоа значи и во светот. Секогаш покажувал големи квалитети, но сега под водство на Клоп доби константност и тоа е навистина феноменално. Кутињо се наоѓа во идеалниот клуб за да продолжи со развивањето, а исто така го има и најдобриот тренер за тоа“, истакна Чави.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе подолго време медиумите тврдат дека Кутињо е главна трансфер цел на Барселона, а Чави само го „аминуваше“ изборот на својот поранешен клуб.

„Со оглед на тоа како игра, нормално е што неговото име се поврзува со други големи тимови, но моја препорака е да се концетрира на играта и да ги игнорира сите шпекулации. Го велам тоа бидејќи сметам дека Ливерпул има сериозни шанси да ја освои титулата оваа сезона со него во тимот. Сепак, нема многу играчи во светот кои можат да ја засилат Барселона, но повеќе од јасно е дека Кутињо е еден од тие ретките. Тој технички е феноменален и перфектно би се вклопил во системот на Барселона“, заклучи Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најдобрата македонска тенисерка ќе се бори за настап на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Гр…