Дома Фудбал Останато Чави распали по Нејмар: Подобро што си замина од Барса!

Чави распали по Нејмар: Подобро што си замина од Барса!

Легендата на Барселона, Чави не го криеше разочарувањето од ароганцијата на неговиот поранешен соиграч, Нејмар.

Бразилецот си поигра со еден противнички фудбалер за време на натпреварот против Рен. Нејмар доби жолт картон за стартот над Амари Траоре, па потоа тргна да му подаде рака на противникот, но ја тргна во последен момент и иронично се насмеа.

Таквиот гест наиде на осуда од јавноста, а Чави јавно го критикуваше.

„Многу сум разочаран од Нејмар. Се надевам дека со тек на време тој ќе се научи да ги респектира противниците. Во Барселона не можевме да го научиме на тоа и можеби подобро што си замина. Со таквото однесување големите фудбалери се претвараат во непотребни“, смета Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…