Дома Топ вести Чави: Против Еспањол не освоивме еден, туку изгубивме два бода

Чави: Против Еспањол не освоивме еден, туку изгубивме два бода

Екипата на Барселона не стигна до посакуваните бодови против Еспањол во градската пресметка.

Тимот предводен од Чави Ернандез имаше посед на топка, беше понкокретен, но со проблемите во одбраната дозволи ривалот да постигне два гола. На крајот Каталонците и се спасуваа од пораз, за реми погоди Лук Де Јонг во последните моменти од натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој резултат донесе реакции во таборот на Барселона, а доказ за тоа е пораката од тренерот Чави кој порача дека не освоиле еден туку изгубиле два бода.

„Создадовме шанси и во тие моменти моравме да го решиме натпреварот. Тие постигнаа гол кога ние игравме најдобро, овој бод не е доволен. Не бевме ефективни во нападот и плативме поради тоа. Немаше да биде праведно ако изгубиме, но се уште сме на позиција која води во Лигата на шампионите и мора да продолжиме да се бориме. Во овој натпревар не освоивме еден, туку загубивме два бода“.

„Мораме да биде самокритични. Не смееме да примаме вакви голови. Примаме премногу голови. За првиот гол ризикувавме со исфрлање на топка од кое немаше потреба. Во вториот гол лошо ја прочитавме одбранбената линија. Во фудбалот се случуваат грешки, ние мораме да ги минимизираме“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…