Дома Фудбал Чави презадоволен од летните засилувања

Чави презадоволен од летните засилувања

Тренерот на Барселона, Чави е презадоволен од засилувањата кои пристигнаа на „Камп Ноу“ ова лето.

Во последниот ден од преодниот рок во клубот пристигнаа Кансело и Жоао Феликс, а претходно клубот потпиша со Гундоган, Ромеу и Иниго Мартинез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Презадоволен сум од сработеното во трансфер пазарот. Пред самиот крај, успеавме да ги доведеме Кансело и Феликс и тоа е навистина одличен потег на нашата управа. На хартија изгледаме моќно, но само времето ќе покаже дали сме подобри од минатата сезона“ , изјави Чави.

„Кансело дојде и имаше голема желба да пристигне тука, истото важи и за Феликс. Кансело е десен бек, но може да игра и на други позиции и тоа е предност за нас. Истото важи за Феликс, може да игра како 9-ка, како 7-ка и како крило. Ги има сите предиспозиции за да триумфира во Барселона“, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…