Дома Фудбал Лига на шампиони Чави: Очекувам уште еден трилер меч против ПСЖ

Чави: Очекувам уште еден трилер меч против ПСЖ

Утре Барселона го пречекува Пари Сент Жермен во реванш дуелот од Лигата на шампиони, откако во Париз победи со 3:2.

Тренерот на Каталонците Чави истакна дека очекува уште еден трилер меч и дека неговите избраници ќе мора да го остават срцето на терен за да се пласираат во полуфиналето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Играме дома, што е плус – Монжуик треба да обезбеди магична ноќ како на „Камп Ноу“ претходно. Ќе биде како првиот натпревар. Ќе имаме висока одбранбена линија, мораме да покажеме карактер, да продолжиме, мислам дека нашите шанси се еднакви, тие се еден од најдобрите тимови и го имаат еден од најдобрите тренери во светот“, истакна Чави.

„Очекувајте уште еден трилер-натпревар, затоа што овие екипи во минатото покажаа дека секогаш играат возбудлив фудбал. ПСЖ е исклучително сериозен тим со одлични поединци, но јас силно верувам во моите избраници и знам дека имаме квалитет за да го минеме францускиот првак. Барселона е голем клуб и тоа ќе го докажеме уште еднаш“, додаде Чави. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…