Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез од денес е има нова задача.
На почетокот на месецот Чави објави дека ја завршува својата играчка кариера и започнува тренерска, а поранешниот маестрален играч за врска првиот ангажман ќе го има во катарскиот Ал Сад.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубот во кој Чави воедно и стави точка на играчката кариера, а на клупата на Ал Сад ќе го наследи 73 годишниот Португалец Жесуалдо Фереира кој го водеше клубот во претходните четири години.
Во претходните недели Чави се доведуваше во врска со Бетис исто така се споменуваше и Барселона, меѓутоа на крајот тој се одлучи да собира искуство во Ал Сад, а потоа да дојде во европскиот фудбал каде што притисокот е поголем.
„Не можам да дочекам да видам што иднината како тренер ми носи“, изјави Чави кој со Ал Сад потпиша договор на две години.
Чави се смета за еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле во последните 20 години, а скоро целата кариера ја помина во Барселона од чија младинска школа и потекнува. Последните четири години ги помина во Ал Сад.