Иако кон крајот на јануари најави дека заминува на крајот на сезоната, Чави Ернандез би можел да се предомисли, бидејќи во него веруваат целото раководство и соблекувалната на Барселона.
Новинарот Фернандо Поло денеска открива дека Чави најавил дека можеби ќе се премисли, но само под одредени услови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Чави сака Барселона да биде конкурентна со најсилните тимови во Европа, има јасна визија за тоа како треба да изгледа тимот и му го претставил својот проект на претстедтелот Жоан Лапорта.
Стратегот на Каталонците сака последен играч за врска се споменуваат, Кимих или Зубименди, како и Бернардо Силва во средниот ред.
Дополнително, инсистира клубот да не ги продава своите најдобри играчи и „недопирливите“ да останат основа на тимот во следните неколку години. Се шпекулира дека според Чави тоа се Роналд Араухо, Гави, Педри, Пау Кубарси, Ламин Јамал и Френки де Јонг.
Тука е и останувањето Кансело, а не е невозможно и Жоао Феликс да ја продолжи позајмицата или наместо тоа Ансу Фати да замине во Мадрид.
Како и да е не чека изгледа уште едно бурно лето во Каталонија, а доколку тимот продолжи игра одлично во Лигата на шампионите и да заработува пари, Чави навистина би можел да ја смени одлуката.