Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона од следната сезона, потврди самиот после синоќешниот натпревар против Виљареал.
Чави потврди дека неговиот договор нема да биде продолжен и дека на лето ќе си замине од „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчката легенда на Каталонците нема да го одработи докрај договорот кој му истекуваше во 2025 година, а ги обвини новинарите дека и тие имаат вина за тоа.
„Кога доаѓав, којзнае колку пати бев прашан дали јас ќе бидам Алекс Фергусон на Барселона. Вистината е дека тоа никогаш нема да се случи, а вие новинарите сте тие кои не ми дозволија такво нешто. Многу е тешко да бидеш тренер на Барселона, секојдневно гледаш како жестоко те критикуваат, тоа влијае на мене“, изјави лутиот Чави.