Дома Фудбал Лига на шампиони Чави има свој фаворит: Тие се спектакуларни, овој тим мора да ја освои Лигата на шампионите

Чави има свој фаворит: Тие се спектакуларни, овој тим мора да ја освои Лигата на шампионите

xavi

Се ближи веројатно најголемиот натпревар во досегашниот дел од сезоната, Реал Мадрид го пречекува ПСЖ.

Следната среда се игра првиот натпревар од најголемиот натпревар во 1/8 финалето. Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го пречекува Пари Сен Жермен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кралевите“ се во подредена положба и ПСЖ е благ фаворит поради лошата форма на избраниците на Зидан, но Реал во Лигата на шампионите никој никогаш не смее да го отпише. Пред овој натпревар во медиумите зборуваше и легендарниот фудбалер на Барселона Чави Хернандез.

И според Чави во овој натпревар поголеми шанси за триум има клубот од Париз.

„Тие едноставно спектакуларни и спремни се за освојување на Лигата на шампионите. Сепак, за нив не е баш најдобро што играат против Реал. Кога во прашање е формата мислам дека ПСЖ е фаворит“, изјави Чави.

За Чави ова овој натпревар не наликува на 1/8 финале, туку барем за ½ полуфинале.

„Ниту едните ниту другите немаа среќа во ждребот. Сите знаат дека Реал има победничка ДНКА, но порано или подоцна ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите“, заврши Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…