Лионел Меси ја напушти Барселона поради финансиската криза во клубот летото 2021 и од тогаш многу често се зборува за негово можно враќање во Каталонија.
Сега на оваа тема прашање доби стратегот на Каталонците Чави Хернандез. Чави ја коментираше можноста Меси да се врати во интервјуто за „Hindustan Times“. Шпанскиот стратег истакна дека дали Меси ќе се врати повеќе зависи од самиот него отколку од клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Зошто да не се врати? Самиот одлучува што сака, најдобро знае што чувствува. Барселона секогаш ќе биде негов дом и добро знае дека вратите му се отворени, посебно додека јас сум тренер. Ќе видиме каква е неговата желба. Одлуката повеќе зависи од него отколку од клубот“, изјави Чави.
Познатиот Фабрицио Романо неодамна изјави дека Меси сака да остане во Париз и дека ќе потпише нов договор, но засега тоа се нема случено. Се шпекулираше и за понуда од Саудиска Арабија од Ал-Хилал, но тоа е малку веројатно во овој момент.