Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го пофали тимот по драматичната победа над Селта, која дојде буквално во последната минута од мечот (1:2).
Чави на пресконференцијата кажа дека неговиот тим требало да биде прв во Ла Лига ако подобро ги користел создадените шанси и потецираше дека заминува за доброто на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Откако објавив дека заминувам на крајот на сезоната, освоивме 10 од можни 12 бода. Мислам дека мојата одлука беше добра и за доброто на клубот. Мило ми е што тимот направи чекор напред. Овие три бода вредат злато“.
„Вчера ми дадоа статистика од „Биг дата“ која вели дека ќе бевме лидери на табелата доколку го искористевме шансите кои ги креираме. Ако ги земеме во предвид бројот на шанси кои ги креираме во просек и треба да бидеме први“, изјави Чави.