Тренерот на Барселона, Чави Ернандез би можел да добие суспензија од два до три натпревари во Примера.
Тој заработи црвен картон на дербито со Атлетико во Мадрид, а бидејќи веќе му е втор сезонава, Ла Лига би можела да му даде поригорозна суспензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чави сигурно ќе добие суспензија од два натпревари, меѓутоа не е невозможно да паузира и уште еден натпревар.
Во тој случај, Чави нема да може да ја води Барселона ниту на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 април, што може да биде клучен меч во борбата за титулата.
Претходно, по репрезентативната пауза, Барселона го пречекува Лас Палмас, а потоа гостува кај Кадиз. Каталонците моментално се втори во Примера со осум бода помалку од Реал Мадрид.