Дома Фудбал Чави го фалеше Реал Мадрид пред „Ел Класико“: Не може случајно двапати да го елиминирате најдобриот тим во светот

Чави го фалеше Реал Мадрид пред „Ел Класико“: Не може случајно двапати да го елиминирате најдобриот тим во светот

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го пофали Реал Мадрид во пресрет на неделниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Барселона гостува во Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампионите, додека Реал Мадрид во најелитното европско натпреварување го победи Манчестер Сити и се пласираше во полуфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Реал Мадрид многу пати ја освојуваше Лигата на шампионите во последните години и затоа игра со толкава самодоверба. Не верувам многу во среќа, туку во работа и затоа ништо не е случајно. Во последните три години Реал Мадрид го елиминираше најдобриот тим во светот двапати и никој не може да каже дека тоа е случајно“, изјави Чави.

Тој очекува уште еден тежок натпревар против најголемиот ривал.

“Реал ќе не притисне во првите минути од двете полувремиња. Мораме да бидеме силни. Се подготвивме и мораме да бидеме организирани и во нападот и во одбраната. Воведните минути можат да бидат клучни. Реал Мадрид е нашиот голем ривал, но кон имаме огромна почит“, истакна Чави.

Реал Мадрид има осум бода предност, но Чави не се откажува од Ла Лига.

„Ова е моментот да бидеме позитивни. Ако победиме, ќе се доближиме на пет бода до Реал и повторно ќе бидеме во игра“, изјави Чави.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за в недела од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…