Неодамна Жозе Мурињо објаснуваше како успеал да го запре Лионел Меси во натпреварите помеѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите, сега нешто слично направи Чаби Алонсо.
Легендарниот играч за врска беше клучен во средината на теренот во годините кога Мурињо го предводеше Реал Мадрид. На почетокот во ерата на Мурињо во Реал „кралевите“ имаа проблем со тактиката на Гвардиола и Меси, но со текот на времето се подобруваа во меѓусебните пресметки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чави во својата анализа објаснува дека играта на Барселона во тоа време се формирала врз двајца играчи. Чави како креатор и организатор и Меси како „лажна деветка“ со голема слобода да игра на повеќе позиции.
„Воопшто не беше лесно да се браниме против Меси. Беше навикнат да игра како „лажна деветка“. Чави вообичаено се враќаше поназад за да прими топка, така кога јас ќе го нападнев се отвараше простор во средината. Меси во тој момент од позицијата „9“ доаѓаше зад мене и добиваа ситуација „два на еден“ против мене. Потоа кога Рамос ќе го притиснеше Меси, Виља и Педро добиваа голем простор, а Меси комбинираше со нив“.
„Така функционираше нивната тактика, а кога го сфативме тоа започнавме да се подбруваме. Рамос ќе ми викнеше „Меси оди тука“, а јас тогаш место да го нападнам Чави останував да го чувам Меси. Тие пак ја имаа контролата, но не им се отвараше толку простор за брзи напади. Кога ја контролиравме оваа ситуација можевме да се надигруваме“, објаснува Алонсо.