ЧАБИ АЛОНСО и следната сезона ќе остане тренер на Баер Леверкузен, објави Фабрицио Романо, кој напомена дека оваа информација наскоро ќе биде и официјално потврдена.
Шпанскиот стручњак, кој во моментов со Леверкузен го држи првото место во Бундеслигата, беше голема желба на Ливерпул и Баерн, кои летово ќе останат без своите тренери Јирген Клоп и Томас Тухел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алонсо ќе остане во Леверкузен најмалку уште една сезона, а неговата примарна цел е да го задржи тимот заедно, а потоа да го засили со неколку нови играчи, додава Романо.
По наредната сезона ќе почне да важи откупната клаузула во договорот на Алонсо, а многу клубови и тогаш би можеле да бидат заинтересирани за него. Ливерпул и Баерн ќе продолжат да ја следат ситуацијата, а се очекува истото да го направи и Реал Мадрид.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа раководеше со вториот тим на Реал Сосиедад. Баер во моментов е водечки тим во германскиот шампионат со десет бода повеќе од второпласираниот Баерн.