Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на многу европски гиганти, а сега во трката се вклучи и Ливерпул.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул работи на доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата, а Шпанецот сака со себе да го доведе и Виртц.
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Ливерпул нема да жали пари за да му ја исполни желбата на Алонсо.
Наводно „црвените“ се спремни да понудат 120 милиони евра, бидејќи во Германецот гледаат идеален наследник на Салах.