Дома Останати ЦСМ Букурешт и Крим Љубљана ја отворија тридневната женска Лига на шампиони

ЦСМ Букурешт и Крим Љубљана ја отворија тридневната женска Лига на шампиони

Со натпреварот што се одигра вчера вечер од 19 часот во кој ЦСМ Букурешт ќе ја пречека екипата на Крим Љубљана, започнива тридневната програма во женската ракометна Лига на шампиони.

И за денес е закажан само еден натпревар и тоа дуелот меѓу Митјиланд – Лаврик, додека останатите четири средби од оваа рунда ќе се играат в недела.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион ЖРК Вардар по првиот пораз сезонава од Будуќност пред седум дена, овој пат гостува во Франција кај екипата на Мец. Вардарки во првата пресметка убедливо го совладаа францускиот тим со 33-21.

Натпревар Мец – Вардар ќе започне во терминот од 15 часот, а во останатите три средби ќе играат: Турингер – Ференцварош (14 часот), Ѓер – Есбјерг (17) и Будуќност – Астраханочка (19).

Пласман:

Група 1: Вардар 13 бодови, Ференцварош 13, Будуќност 10, Мец 6, Турингер 4, Астраханочка 2.

Група 2: Ѓер 13 бодови, Ларвик 10, Митјиланд 8, ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …